Шпанскиот фудбалски арбитар Антонио Матеу Лахоз, е избран да дели правда на финалниот натпревар од Лигата на шампионите на 29-ти мај помеѓу Манчестер сити и Челзи. Лахоз првпат во кариерата ќе ја има оваа огромна чест, а тој е прв шпански судија во финале на ЛШ по Мехуто Гонзалес од лудото финале во 2005 во Истанбул помеѓу Ливерпул и Милан.
Во две од досегашните три финалиња кои ги суделе Шпанци, победникот се добиваше на пенали. Шпанските клубови често играат финалиња во европските купови, па затоа десет години немало шпански судија во финале на ЛШ или Лига Европа.
Финалето во ЛЕ ќе се игра на 26-ти мај во полскиот град Гдањск, а ќе го суди Французинот Клеман Турпен. За пехарот и носителско место при ждрепката за групите од ЛШ ќе се борат Вилјареал и Манчестер јунајтед.