УЕФА најостро го осудува неодамнешниот напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, објави УЕФА во официјално соопштение на својот сајт.
„УЕФА ги повикува локалните власти да спроведат брза и темелна истрага. Заедно со ФИФА, внимателно ќе ја следиме ситуацијата во македонската фудбалска заедница за да се осигураме дека Федерацијата ќе остане ослободена од какво било мешање, согласно Статутите на УЕФА и ФИФА, и континуирано ќе проценуваме дали се потребни дополнителни активности.
Заедничка делегација на ФИФА/УЕФА наскоро ќе отпатува во Македонија за да се сретне со спортски и владини претставници, да се осигураме дека се почитува независноста на ФФМ“, велат од УЕФА.