Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека нема да казни ниту еден од преостанатите три клуба кои останаа со идејата за формирање на европска Суперлига. Барселона, Реал Мадрид и Јувентус не се откажаа од идејата да направат натпреварување кое ќе биде паднан на Лигата на шампионите, а од УЕФА тогаш најавија жестоки казни.
Се шпекулираше дека Барселона, Реал Мадрид и Јувентус може дури да бидат исфрлени од Лигата на шампионите, но ништо од тоа нема да се случи.
„По направената постапка против Барселона, Реал Мадрид и Јувентус во врска со кршење на правните прописи на УЕФА со Суперлигата, Жалбеното тело на УЕФА одлучи да го поништи случајот, па постапката како никогаш и да не била отворена“, стои во соопштението на УЕФА.
УЕФА успеа да го спречи првиот „напад“ за формирање на парарелна лига, но големите клубови не се откажуваат од идејата да добијат повеќе пари од тоа што сега го заработуваат со играње во Лигата на шампионите.