32.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

УЕФА го прифати барањето на Арсенал, променето едно „спорно“ правило во ЛШ и ЛЕ

Во последните години, Европската фудбалска куќа (УЕФА) направи неколку измени во правилата, форматите и создаде ново натпреварување наречено Конференциска лига.

Минатата година, и Лигата на шампионите и Лигата на Европа претрпеа големи промени. Во овие натпреварувања сега учествуваат 36 екипи, во споредба со 32. Пред промената на форматот, првите два тима од секоја група се пласираа во осминафиналето, но тоа повеќе не е случај.

Сега, секој тим од прво до осмо место на единствената табела автоматски се квалификува за осминафиналето, додека тимовите од деветто до 24-то место одат во плејофот. Новиот формат беше во голема мера успешен, но имаше некои почетни проблеми со местата каде што се играа натпреварите.

Во текот на сезоната 2024/2025, предноста на домаќините се одлучуваше со случајно извлекување по осминафиналето.

Во суштина, тимот што заврши повисоко во групната фаза сè уште можеше да биде принуден да го игра првиот натпревар од четвртфиналето или полуфиналето дома, што се смета за неповолна положба.

Повеќето тренери, играчи и навивачи претпочитаат да го играат реваншот дома поради очигледните предности.

Арсенал беше жртва на системот минатата сезона кога беше принуден да игра против Реал Мадрид дома во првиот натпревар од четвртфиналето и покрај тоа што заврши трет во лигашката фаза.

Од друга страна, Реал Мадрид се квалификуваше преку плејофот откако го победи Манчестер Сити. И покрај тоа што го победија Реал Мадрид во два натпревари, „топџиите“ изразија загриженост до УЕФА за форматот.

Во меѓувреме, направена е промена во документот за правилата на УЕФА за Лигата на шампионите.

„Екипите кои ќе завршат од првото до четвртото место место во лигашката фаза, го играат реваншот дома во четвртфиналето, а тимовите рангирани на 1-во и 2-ро место, исто така, го играат реваншот од полуфиналето дома. Доколку носителот е поразен во кое било коло, тимот што го елиминира го презема неговото место во табелата“, велат од УЕФА.

Тоа значи дека тимовите што ќе постигнат подобри резултати ќе бидат наградени со предност на домашен терен, што не беше пракса минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести