Дуелот од второто коло во Лига на Европа меѓу Макаби Тел Авив и Динамо Загреб ќе се игра вечерва во Бачка Топола во Србија. Поради безбедносната состојба во Израел, Макаби Тел Авив нема право да игра на свој терен, па мечот против Динамо како домаќин ќе го игра во Србија.
Ова ќе биде прв пат по речиси 30 години, Динамо Загреб да гостува во Србија. Интересно е дека првичниот план на Динамо бил денеска да тргне од Хрватска, кон Бачка Топола, но УЕФА не им дозволи такво нешто.
Од УЕФА дозволија Динамо Загреб да тренира на свој терен, дури и во Загреб да ја одржи прес конференцијата, но не дозволи хрватскиот тим да остане на своја територија, туку во текот на средата мораше да пристигне во Србија.
Од Динамо Загреб решија да допатуваат во Белград и таму да преспијат, а денеска да тргнат на пат од час и половина за да стигнат до Бачка Топола.