Вардар и Шкендија се единствените два македонски преставника кои останаа да ја бранат честа во европските купови. Вардар ќе биде дел од второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, додека Шкендија е во квалификациите од Лигата на шампионите.
Следниот предизвик за Вардар е двомечот против Лозана, додека Шкендија ќе има работа против романскиот ФЦСБ. Доколку успеат да ги поминат овие ривали, македонските екипи ќе поминат во третото квалификациско коло. Денеска во седиштето на УЕФА ќе биде извршена ждрепка токму на паровите од третото квалификациско коло од сите три европски натпреварувања на УЕФА.
Интересно е дека доколку Вардар и Шкендија ги поминат Лозана и ФЦСБ, може да добијат многу поатрактивни ривали.
На ждрепката од Конференциската лига која ќе биде од 14 часот, Вардар ќе може да добие еден од овие ривали:
Шкендија ако го помине тимот на ФЦСБ ќе игра во третото квалификациско коло од Лига на шампионите, но ако биде елиминирана, ќе продолжи во квалификациите од Лигата на Европа. Ова се скратените групи и противници кои Шкендија може да ги добие во двете комбинации, со пораз или со победа.