Етичко-дисциплинската комисија на УЕФА донесе одлука во врска со инцидентот што се случи по завршувањето на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска на ЕП 2024 година, а во кој во главна улога беше албанскиот напаѓач Мирлинд Даку со навреди кон Србија и Македонија.
Комисијата на УЕФА одлучи да го суспендира албанскиот фудбалер на два натпревари, што значи дека тој нема да може да настапи на следниот натпревар на ЕВРО 2024 против Шпанија, кој е закажан за понеделник на 24 јуни во Дизелдорф, ниту на наредниот меч за Албанија, без разлика дали тоа ќе биде во осминафиналето на ЕП или после тоа, најверојатно во Лигата на нации.