Европската фудбалската федерација (УЕФА) и управата на Јувентус се договорија Старата дама да не игра во Лигата на конференции следната сезона, објави „Кориере дело Спорт“.
Весникот пишува дека УЕФА со оваа одлука, всушност му ја исполнила желбата на Јувентус.
Челниците на Торино пред неколку недели побараа да бидат казнети од УЕФА и да не играат во Лигата на конференции поради финансиски малверзации на претходната управа, за во сезоната 2024/25 да немаат никакви проблеми да играат во Лигата на шампионите, под услов да завршат меѓу првите четири екипи во Серија А.
Местото на Јувентус во Лигата на конференции ќе го зазеде Фиорентина која заврши на осмото место во Серија А, а минатата сезона играше во финалето на ова европско натпреварување и загуби од Вест хем.