УЕФА и официјално му ја исполни желбата на Јувентус, го исфрли од европските купови

Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска и официјално донесе одлука да го исфли Јувентус од Европа, поточно од Лигата на конференции за претстојната сезона.

Местото на Старата дама во Лигата на конференции ќе го зазеде Фиорентина која минатата сезона ја заврши на осмата позиција на табелата во Серија А. Покрај суспензијата, Јувентус ќе мора да плати и парична казна во висина од 10 милиони евра која може да се удвои доколку Старата дама во следните три години повторно го прекрши финансискиот фер-плеј.

Италијанските медиуми пишуваат дека пред донесувањето на одлуката, адвокатите на Јувентус работеа со правната служба на УЕФА на носење на казната.

Според медиумите, новата управа барала да биде казнета од УЕФА поради фалсификување на финансиските извештаи, и следната сезона да не игра во европските купови со цел да не западне во проблеми со финансискиот фер-плеј.

- Оглас -

Најнови вести