УЕФА одлучи одложениот меч од претквалификациите за Лигата на Европа меѓу Линколн и Приштина да се игра во сабота, од 18 часот, а косовскиот тим не може да смета на осуммина играчи заразени од ковид-19, па бара нови фудбалери.
И буквално има лицитација со имиња на играчи што би помогнале претставникот на Косово да скрпи тим што дополнително ќе допатува на Гибралтар и ќе им се приклучи на останатите од експедицијата на Приштина.
Меѓу нив е и стружанецот Бесмир Бојку, кој прифати да игра на 22 август за Приштина против Линколн на стадионот „Викторија“.
Има неколку играчи од други клубови од Косово што ја одбија поканата на Приштина да играат во последната претквалификациска рунда.
Се игра само еден меч и победникот ќе се пласира во квалификациите за настап во Лигата на Европа.