УЕФА им прости на двете големи ѕвезди на Англија и нема да ги суспендира за четвртфиналето

Џуд Белингам и Деклајн Рајс нема да бидат суспендирани од УЕФА поради простачките испади кои ги имаа за време и по завршување на дуелот против Словачка во осминафиналето на ЕП. Белингам, кој постигна гол за 1:1 во 90+5 минута, непристојно гестикулираше кон клупата за резервни играчи на Словачка.

Стрелецот на израмнувачкиот гол за Англија покажуваше кон својот полов орган, а по завршувањето на мечот се правдаше дека тоа било наменето за неговите пријатели кои биле на трибините, а не за клупата на која беа противничките фудбалери.

По завршување на дуелот, Рајс влезе во конфликт со селекторот на Словачка и буквално го нападна, но, за среќа, немаше посериозен инцидент.

Од УЕФА ги разгледуваа двата инциденти и решија дека ѕвездите на англиската репрезентација може да настапат на дуелот од четвртфиналето, каде што Гордиот албион ќе игра против Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести