УЕФА има луд план како да се одржи Европското првенство

Додека низ цела Европа сè поголем е бројот на мечеви кои се откажуваат или се играат без публика, во Европската фудбалска федерација (УЕФА) прават планови како да се организира Европското првенство. Континенталниот собир треба да започне на 12 јуни и да трае до 12 јули. Овој турнир треба да биде во 12 градови кои се во 12 различни држави, а идејата беше да се прослави 60-годишнината од првото ЕП.

Сепак, плановите ги наруши епидемијата од Коронавирусот. Свртоносниот вирус зема замав речиси во цела Европа, а Италија е најзагрозената земја. Токму главниот град на Италија, Рим, е местото каде што на 12 јуни треба да се одигра првиот меч на ЕП, и тоа меѓу Италија и Турција.

Токму Италија е најзагрозената земја од Коронавирусот, каде што моментно има над 10.000 заразени и 630 починати лица. Од Светската здравствена организација најавуваат дека не се очекува да се намали бројот на заразени во следниот период, но од УЕФА не планираат да одложуваат барем засега.

Планот на УЕФА е да се играат мечевите во големи градови кои би имале доволно капацитет да ги примат сите заразени од Коронавирусот во болниците, додека би имало и доволно хотелски сместувања за сите оние навивачи кои би биле на трибините.

Повеќе од јасно е дека од УЕФА не сакаат да има одложување на ЕП затоа што така ќе пропаднат парите кои треба да бидат добиени од многуте спонзори. Поради опасноста од Коронавирусот засега е познато дека три плејоф-дуели за пласман на завршницата ќе се играат без публика, а меѓу нив е и мечот во Скопје меѓу Македонија и Косово на 26 март.

- Оглас -

Најнови вести