Дури 8 натпревари од српското првенство се со сомнителен тек и исход, според УЕФА, а Европската куќа на фудбалот им испрати списоци со вакви мечеви на сите фудбалски федерации во регионов.
Се работи за мечеви што се со неочекувани исходи или со неочекуван број голови и за кои имало големи уплати во обложувалниците.
Во Србија на списокот што е јавно објавен има 8 натпревари со сомнителен карактер, а кај нас сè уште останува тајна дали има вакви мечеви и кои се.
Во последните неколку кола имаше чудни резултати, победи на аустајдерите, неочекувани пресврти на екипите што се борат за опстанок, играње со резерви на екипи со шампионски амбиции, чудни голови и автоголови..