УЕФА ја казни Барселона: „Каталонците“ без навивачи на гостувањето во Белград

Лоши вести за навивачите на Барселона од Македонија, но и од целиот регион. Дисциплинската комисија на УЕФА го казни каталонскиот гигант со забрана за гостински навивачи на следниот меч од Лигата на шампионите, а тоа е оној против Црвена ѕвезда во Белград.

Барселона е казнета и со 10.000 евра поради расистички испади на нејзините навивачи на гостувањето кај Монако. Каталонците нема да смеат да продаваат билети за своите навивачи, но секако љубителите на фудбалот од Македонија и од регионов ќе може тоа да го сторат по регуларен пат и да го гледаат мечот од трибините во Белград.

- Оглас -

Најнови вести