Фудбалскиот сојуз на Србија одлучи следните два натпревари од квалификациите за пласман на Светското првенство, против Англија и Албанија, да се играат на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, за разлика од претходниот против Андора, кој се играше во Лесковац.
Сепак, тој дуел против атјсадерот донесе големи проблеми за нашите северни соседи и казна од УЕФА. Дисциплинската комисија одлучи мечот помеѓу Србија и Англија да се игра со намален капацитет од 15%, а тоа значи дека ќе има 8.000 гледачи помалку од капацитетот на белградска „Маракана“.
Она што уште повеќе ги загрижува во Фудбалскиот сојуз на Србија е фактот што доколку против Англија се случи и најмал инцидент, следниот меч против Албанија ќе се игра пред празни трибини.
Србија против Англија игра на деветти септември, додека против Албанија на 11-ти октомври, но од ФС на Србија уште од сега започнаа со кампања да ги предупредуваат навивачите дека против Англичаните не смее да има ниту најмал инцидент, а токму овие два натпревари се отценети како клучни за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.