УЕФА ќе го менува системот: Македонија веќе нема да губи со двоцифрена разлика во фудбал

Европската фудбалска федерација најави дека ќе го менува системот во квалификациите во женска конкуренција. Причина за тоа се неверојатните резултати кои беа во циклусот од квалификации во последните три месеци.

Дури 29 мечеви завршија со седум или повеќе голови разлика, а беше поставен и нов светски рекорд, откако Англија со 20:0 ја победи Летонија.

Претходно и Белгија немаше милост и со 19:0 славеше над Ерменија. Ништо подобро не помина ниту Македонија. Во двата меча против Северна Ирска, нашите фудбалерки претрпеа два убедливи порази. Прво загубија дома со 11:0, а потоа и на гости беа поразени со 9:0.

„Знаеме дека апсолутно никој не сака да гледа вакви резултати. Овие работи не се добри за развојот на фудбалот, ниту за помалите, ниту за големите селекции. Ќе го смениме системот за квалификации во 2023 година“, рече шефицата на УЕФА за женски фудбал Надин Кеслер.

- Оглас -

Најнови вести