Европската фудбалска федерација (УЕФА) го именува полскиот судија Шимон Марчињак, да ја дели правдата во финалето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Интер, но сега може да го замени по итна постапка и тоа поради бизарна причина.
Марчињак кој судеше и во финалето на Светското првенство кое се одржа во декември минатата година, во татковината учествувал на настан кој го организирал лидерот на екстремната десница во Полска, Славомир Менцен кој е познат по своите хомофобни и антисемитски изјави.
Спорд полските медиуми, луѓето од УЕФА веднаш побарале од Марчињак да објасни зошто учествувал на тој собир, а одлуката дали ќе го замени или ќе го остави да го суди финалето, ќе ја донесе утре.