УЕФА ќе го укине правилото кое повеќе од 50 години е многу важно во Лигата на шампиони

Извршниот одбор на УЕФА на следниот состанок во Рим ќе дебатира за тоа дали да го укине правилото „гол на гости“ во нокаут-фазата од сите европски натпреварувања. Ова правило УЕФА го има воведено уште во далечната 1965 година, кога гостувањата биле многу потешки.

Во минатото патувањата биле многу потешки и можеле да траат многу часови за да се поминат илјадници километри. Домашниот терен во тоа време бил од многу голема корист бидејќи топките со кои се играло не биле стандардизирани, а и димензијата на теренот бил различен.

Во денешно време, речиси сите терени се со стандардна големина од 105 метри должина и 68 метри широчина, а секаде се игра со иста топка. И патувањето сега е многу поедноставно, па затоа и на гостинскиот тим му е многу поедноставно да даде гол, а тој погодок може да има многу големо влијание во конечниот исход.

Правилото „гол во гости“ значи дека доколку по двата одиграни меча, двете екипи имаат постигнато еднаков број голови, понатаму поминува оној кој дал повеќе погодоци на гости. Доколку се изгласа на состанокот во Рим, голот на гости нема да има влијание во нокаут-фазата на европските натпреварувања.

Голот на гости веќе е укинат во доигрувањето на првата англиска лига, но и во Купот Либертадорес во Јужна Америка, натпреварување кое е со иста важност како Лигата на шампионите во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести