УЕФА ќе им забрани на Реал и Јуве да играат во европските купови во следната сезона?

Некои структури (членови на Извршниот комитет) во УЕФА предлагаат големи санкции за Реал Мадрид и Јувентус поради обидот на нивните лидери да ја креираат европската Суперлига. Сепак, иако има размислувања дека овие два гиганти на европскиот фудбал треба да бидат суспендирани на една година од европските натпреварувања, мнозинството во УЕФА не се согласуваат со такви казни.

За разлика од најголемиот број клубови кои требаше да бидат основачи на Суперлигата, Реал и Јуве уште не се откажуваат од тоа натпреварување кое би ги поделило клубовите и би ѝ направиле голем проблем на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести