УЕФА: Кој ќе стапне на терен, ќе заврши со Европското првенство и ќе биде најстрого казнет

Ситуацијата на натпреварот меѓу Португалија и Турција, каде што навивачите со своите влегувања четири пати го прекинаа натпреварот, ја поттикна УЕФА да ги осуди тие акти и да се закани со големи казни.

Честите упади на навивачите на фудбалскиот терен за време на Европското првенство во Германија ги натераа организаторите и Европската фудбалска организација да преземат строги мерки. Гледачите на натпреварот меѓу Португалија и Турција (3-0) во Дортмунд неколку пати втрчаа на теренот, а мета за „селфија“ беше Кристијано Роналдо.

„На стадионите ќе се преземат дополнителни безбедносни мерки за да се исполнат барањата на турнирот и да се спречат такви инциденти“, наведе УЕФА.

„Безбедноста на стадионот, на теренот и во просториите на тимовите е главен приоритет на УЕФА, германската ДФБ и организаторите на Европското првенство“, истакнуват од Европската куќа на фудбалот, наведувајќи ги законските последици за оние кои неовластено влегуваат на теренот.

„Секое влегување на теренот од страна на неовластено лице претставува кршење на правилата и ќе резултира со отстранување од стадионот, забрана за сите натпревари на Европското првенство и кривични пријави за влез на теренот“, предупредија од УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести