УЕФА конечно ќе го укине правилото кое никој не го сака

На утрешниот состанок на УЕФА, челниците на европската фудбалска куќа ќе разговараат за укинување на правилото за „гол на гости“, кое се користи во нокаут фазата од натпреварувањата. Ова правило беше воведено за да се форсира напаѓачкиот фудбал и да стимулира повеќе погодоци на мечевите.

Сепак, фудбалот во последните десетина години е сосема променет, па многумина веруваат дека ова правило треба да замине во историјата, затоа што дава голема предност на гостите. Јувентус и Баерн Минхен оваа сезона испаднаа од ЛШ поради повеќе примени голови на свој терен, Тотенхем пред две години стигна до финалето на ЛШ благодарение на погодоците дадени на гостински терен кај Ајакс и Манчестер сити, а низ годините имаше многу вакви примери.

„Тоа правило веќе е застарено. Фудбалот многу се промени и сега погодокот на гости е многу голема предност“, вели некогашниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, кој сега е дел од УЕФА. Едноставно голот на гости не треба да се вреднува „двојно“.

 

- Оглас -

Најнови вести