УЕФА конечно се разбуди – Одложени се натпреварите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа

УЕФА конечно донесе разумна одлука и ги одложи натпреварите од Лигата на шампионите и во Лигата на Европа што требаше да се играат наредната седмица.

Нема да се играат реванш-мечевите од осминафиналето на Лигата на Европа и последните реванш-дуели од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Тоа значи дека нема да се играат мечевите меѓу Јувентус и Лион, Манчестер сити и Реал Мадрид, Барселона – Наполи и Баерн – Челзи.

Тоа значи дека ќе се помести и терминот за ждрепката за четвртфиналето во двете натпреварувања, кое беше закажано за 20 март.

УЕФА во вторник ќе ја соопшти и одлуката за судбината на ЕП 2020 и за бараж-мечевите од Лигата на нациите, во кои учествува и Македонија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести