УЕФА копира од американските спортови и воведува „селери кап“

Европската куќа на фудбалот ќе го укине финансискиот фер плеј и воведува нов начин за контрола на платите и трансферите на играчите.

Популарниот „селери кап“, како што е нарекуван во Америка и го има во сите спортови застапени таму, доаѓа и на Стариот Континент, на местото на финансискиот ферплеј.

Според новиот закон, тимовите за плати и за ангажман на играчи не смеат да одвојат повеќе од 70 отсто од приходите што ги имаат. Доколку некој од клубовите не го почитува ова, односно ги надмине бројките, тогаш ќе плаќа дополнителни казни во вид на данок, а и ќе му се одземат бодови во лигите.

Сето ова дополнително ќе ги искомплицира работите за „богаташите“ коишто со години успешно го одбегнуваа ФФП.

- Оглас -

Најнови вести