Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи да го ограничи буџетот на италијанскиот калчолигаш Рома за јануарскиот преоден рок. Континенталната фудбалска куќа реши дека Рома ќе има само 1,5 милиони евра буџет за овој трансфер-период.
Тоа значи дека тренерот на Римската волчица, Жозе Мурињо, нема да може да доведе квалитетни засилувања, иако Португалецот постојано потенцира дека му се потребни нови играчи и дека со овој состав што го има сега, резултатите се повеќе од задоволителни.
Рома секако ќе може да доведе некој фудбалер ако е без договор (без пари) или евентуално на позајмица. Секако, буџетот може да се зголеми ако Рома продаде некој играч, па да се искористат тие пари за доведување нов фудбалер.
По 18 одиграни меча во Серија А, Рома е на седмото место со 28 бода.