УЕФА му се извини на Тотенхем: Фудбалерите во соблекувалната ги добија заслужените одличја (Видео)

Вистински скандал и големи реакции предизвика ситуациата по завршувањето на финалето од Лигата на Европа, кога на фудбалерите на Тотенхем им беа доделувани медалите. Неочекувано, за тројцата фудбалери кои беа застанати последни во редот немаше одличја. Тоа беше случај со Сон, Ромеро и Бентакур, па кога дојдоа до претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, тој зачудено виде дека нема веќе медали.

Од УЕФА и официјално му се извинија на Тотенхем и ја информираа јавноста дека Сон, Ромеро и Бентакур ги добиле заслужените одличја во соблекувалната, како и дополнителен број медали за фудбалерите или членовите на раководството кои не беа присутни на церемонијата.

„На наше големо незадоволство, немавме доволен број медали на сцената за време на церемонијата на доделување на трофејот. Тоа се случи поради неочекувана грешка во бројот на фудбалери. На церемонијата учествуваа повеќе членови на клубот од очекуваното, како и фудбалерите кои беа повредени. Одличјата кои недостасуваа, набрзо потоа се доделени на победничката екипа во соблекувалната. Со наше искрено извинување. Пред финалето ги известивме клубовите дека ќе добијат по 30 медали, а потоа на Тотенхем им дадовме уште дополнителни 20 за да ги поделат на играчите и персоналот кои не беа присутни“, велат од УЕФА.

UEFA ran out of medals for Son, Romero and Bentacur
byu/justwannabeehappy insoccer

- Оглас -

Најнови вести