УЕФА на 16 мај ќе донесе одлука за расизмот за Црногорците

Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, покрена дисциплинска постапка против Црна Гора за расистичко однесување на навивачите на мечот со Англија. Одлуката дали и каква казна ќе добијат Црногорците, ќе се донесе на 16 мај, кога ќе се одржи состанок на дисциплинската и етичка комисија на УЕФА.

Англичаните поднесоа пријава дека навивачите на расна основа ги навредувале црните фудбалери на гостинската репрезентација, а ќе се разгледуваат и употребата на пиротехника, фрлање предмети на теренот, нереди на трибините и блокирани скали во Подгорица.

Од Фудбалскиот сојуз на Црна Гора не сакаат да ги коментираат наводите на Англичаните, туку органите на УЕФА ќе донесат одлука врз основа на релевантни докази.

„Досега не сме имале случаи на верска, расна или родова дискриминација, а уверени сме дека нема да има ни во иднина. Во мултикултурно општество какво што е Црна Гора, нема место за такво однесување. Ако се докаже расистичко однесување, ќе ги преземем сите мерки за идентификација на неодговорните поединци и ќе им биде забранет влез на стадион на сите мечеви во наша организација“, велат од Црногорската федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести