Во УЕФА засега се убедени дека реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Лил и Челзи ќе се игра, и покрај проблемите со кои се соочува лондонскиот клуб.
Во француските медиуми имаше неофицијални најави дека е можно неодигрување на мечот, но фудбалерите на Челзи веќе се во Франција и се подготвуваат за одбрана на предноста од 2-0 од првиот меч.
Европската унија донесе серија санкции за руски олигарси, меѓу кои и Роман Абрамович кој уште е сопственик на Челзи. На Челзи ќе му биде замрзната паричната награда од настапите во ЛШ, барем додека официјален газда на клубот е Абрамович. Но, во УЕФА се убедени дека утрешниот меч во Лил ќе се игра, и покрај сите санкции, бидејќи Сините имаат специјална лиценца добиена од британската влада.