УЕФА не им дозволи да има минута молчење на Израелците, па играчите не играа во првата минута (Видео)

Младите фудбалски репрезентации за играчи до 21 година на Полска и Израел вчера го одиграа својот меѓусебен натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во Словачка, кое ќе се одржи за две години. Полска победи со 2-1, но мечот започна со своевиден преседатн.

Израел бараше од УЕФА мечот да започне со минута молк во знак на почит на израелските жртви во терористичкиот напад на Хамас и војната со Палестина, но од европската фудбалска куќа одлучија да го одбијат ова барање.

Сепак, фудбалерите на двете екипи одлучија дека нема да играат во првата минута од мечот и само стоеја, со што им беше оддадена почит на израелските жртви.

Мечот го водеше судиска четворка од Македонија, предводена од главниот судија Јован Качевски од Струга.

- Оглас -

Најнови вести