УЕФА не му прости на Роналдо и го казни за прославата на голот против Атлетико Мадрид

Европската фудбалска федерација УЕФА го казни Кристијано Роналдо со 20.000 евра поради непристојната прослава на третиот гол во дуелот против Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампиони. Иако се работи за висока парична сума, Роналдо и сите во Јувентус се задоволни, бидејќи избегната е казна со суспензија и неиграње на следниот меч во ЛШ.

Роналдо даде хет-трик во реванш дуелот против Атлетико Мадрид и тоа беше доволно да се анулира негативата од два гола на првата средба. По постигнување на третиот погодок, Португалецот го имитираше Диего Симеоне. Тренерот на Атлетико, на првиот меч во Мадрид прослави со непристојна гестикулација и за тоа доби парична казна од УЕФА.

Сега истото го снајде и Роналдо, кој сепак може да биде среќен, бидејќи ќе може да игра на дуелите против Ајакс во четвртфиналето од елитната лига на УЕФА.

Кристијано оваа одлука на УЕФА ја дочека додека е на подготовки со репрезентацијата на Португалија, за утрешниот квалификациски меч против Украина. Роналдо нема играно за националниот тим уште од завршување на Светското првенство во Русија.

 

- Оглас -

Најнови вести