УЕФА и официјално одлучи да не го менува името на Европското првенство кое се презакажа за летото 2021 година поради пандемијата со корона-вирусот. Така, Евро 2020 ќе се вика називот на следниот континентален фудбалски собир иако ќе се одигра 12 месеци подоцна од планираното.
Од Европската фудбалска куќа сметаат дека за менување на брендот ќе треба да издвојуваат средства, а во оваа ситуација тоа е непотребен трошок. Воедно ќе се задржи планот да се одблежи 60-годишнината на Европските првенства.
Како што е веќе познато, стартот на ЕП е закажан за 11 јуни и ќе трае до 11 јули 2021 година. Засега нема промени во планот да се игра во 12 градови низ Континентот како што беше предвидено, но има шанса некој од домаќините да се смени. Во меѓувреме, женското ЕП наместо во 2021 година, ќе се игра една година подоцна, од 6 до 31 јули.