2.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

УЕФА нема милост, им смести драстични казни на Барселона и Манчестер јунајтед

Европските гиганти Барселона и Манчестер јунајтед се најдоа на листата на казнети клубови од УЕФА и тоа поради прекршување на правилото за финансиски ферплеј. Шпанскиот првак Барселона заработи казна од 500.000 евра поради „погрешно пријавување добивка од продажба на нематеријален имот“. Ова не е прва казна за Барселона поради прекршување на финансискиот ферплеј.

Англискиот гигант Манчестер јунајтед ќе треба да инкасира во касата на УЕФА 300.000 евра поради „дефицит на рентабилност“. Покрај овие европски гиганти, на листата на казнети од УЕФА се и кипарски АПОЕЛ, потоа турските екипи на Коњаспор, Истанбул Басакшехир и Трабзонспор, како и белгиските Антверпен и Андерлехт.

- Оглас -

Најнови вести