УЕФА нема милост, вкупно три клуба исфрлени од европските натпреварувања

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покажа дека нема милост кога се работи за прекршување на правилото поврзано со сопственичките структури на клубовите, па за само неколку дена исфрли вкупно три клуба од европските натпреварувања.

Прв кој настрада е Дрогеда од Ирска, затоа што овој клуб има ист сопственик како данскиот Силкеборг. Според правилата на УЕФА не смее клубови кои имаат исти газди, да играат во исто натпреварување, за да се сочува непристрасноста и интегритетот на турнирот. УЕФА во овој случај му даде предност на Силкеборг затоа што данскиот тим имаше подобар пласман во домашното првенство од Дрогеда.

Втотиот клуб кој настрада поради ова правило е Дунајска стреда. Овој клуб од Словачка има ист сопственик како и унгарскиот Ѓер. Двата клуба обезбедија место во Конференциската лига, а во овој случај УЕФА предност му даде на Ѓер.

Бидејќи ждрепката за второто квалификациско коло од Конференциската лига веќе е одржана, ниту еден друг клуб од Словачка нема да може да ја замени Дунајска стреда. Тоа значи дека победникот во првото квалификациско коло меѓу Урарт и Неман Гродно, директно ќе се пласира во третото квалификациско коло од ова натпреварување.

Трет на листата е францускиот гигант Олимпик Лион. Некогашниот француски првак се соочува со огроман финансиска криза поради која заработи и исклучување од Лига 1 во Франција. Денеска, од УЕФА предложиле на Лион да не игра ниту во Лига на Европа, а челниците на францускиот клуб тоа го прифатиле.

На местото на Лион ќе влезе англискиот тим Кристал палас. Лион и Кристал палас имаат ист газда, па потади тоа Кристал палас не можеше да игра во европските купови. Сепак, откако Лион прифати да биде исфрлен, се отвори место Кристал палас да има европска авантура во УЕФА натпреварувањата.

 

- Оглас -

Најнови вести