УЕФА немаше милост кон 11 клубови што должат пари на фудбалери и жестоко ги казни

Балканските екипи на Борец Бања Лука, Клуж, Олимпија, Осиек, Риека и Арис се дел од казнетите клубови по одлука на Европската фудбалска куќа (УЕФА), поради неисполнување на обврските на своите фудбалери во период подолг од 90 дена. Според одлуката, на вкупно 11 клубови ќе им биде забрането учество на меѓународна сцена.

Вкупно 11 клубови се казнети од УЕФА и тоа се: Арис (Грција), Астана (Казахстан), Клуж (Романија), Флоријана (Малта), Коњаспор (Турција), Кизил-Жар Петропавлоск (Казахстан), Олимпија Љубљана (Словенија), Осиек и Риека (Хрватска), Валмиера (Литванија). Сите овие клубови добија и парична казна.

Некои од клубовите се исклучени на пробен рок, односно казната нема да се активира ако ги исполнат побарувањата. Клуж и Осиек се исклучени на две години, а нивната суспензија ќе биде потврдена само ако тие клубови не ги исполнат финансиските обврски во следните две сезони.

За Арис, Астана, Олимпија и Риека исклучувањето е на пробен рок од една година и ќе биде активирано ако овие клубови не ги исполнат сите финансиски обврски во следните 12 месеци. За останатите клубови, казната стапува во сила веднаш.

- Оглас -

Најнови вести