Селекциите на Србија и Словенија се двете селекции кои од поранешна Југославија веќе обезбедија учество на Европското првенство во Германија следната година. Хрватска тоа треба да го завери вечерва на домашен терен, а Босна и Херцеговина ќе има шанси да биде дел од континенталниот собир преку баражот во Лигата на нациите.
Босна и Херцеговина, можниот ривал во баражот ќе се решава по ждрепката, кога ќе се одлучува кои две репрезентации ќе завршат во фазата Б од баражот. Според моменталната состојба, полуфиналните плејоф-парови на патеката Б изгледаат вака: Израел – Украина/Исланд, Босна и Херцеговина – Финска/Украина. Така УЕФА ќе одлучи кои две репрезентации меѓу Украина, Исланд и Финска ќе завршат во Б фазата, а која селекција ќе се префрли во А фазата од плејофот.
Во А баражот ќе учествува една од најлошите репрезентации во квалификациите, а тоа е Естонија. Оваа репрезентација освои само еден бод во осумте меча во групата со Белгија, Австрија, Шведска и Азербејџан, но останува со шанси за пласман на ЕП 2024. Поради недостаток на екипи во Сегментот А, Естонија е прекомандувана во баражот на Сегментот А, каде што треба да игра против Полска. Во вториот бараж, Велс ќе игра со една од селекциите на Финска, Украина или Исланд.
Кога се работи за баражот во Сегментот Ц, нема никакви дилеми. Во полуфиналето ќе играат Грузија – Грција и Грција – Казахстан.
Ждрепката за баражите ќе биде целосно јасна на 23 ноември, кога во Нион ќе се одлучат и кои селекции ќе бидат домаќини.
EURO 2024 play-off paths are set:
Path A:
🇵🇱 v 🇪🇪
🏴 v 🇮🇸/🇫🇮/🇺🇦 (draw will decide)Path B:
🇮🇱 v 🇮🇸
(🇮🇱 v 🇺🇦 only if 🇮🇸 is drawn to Path A)🇧🇦 v 🇫🇮
(🇧🇦 v 🇺🇦 only if 🇫🇮 is drawn to Path A)Path C:
🇬🇪 v 🇱🇺
🇬🇷 v 🇰🇿— Football Meets Data (@fmeetsdata) November 21, 2023