УЕФА објави дека двобојот од Лигата на Европа помеѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен, кој требаше да се одигра утре, а е одложен поради презафатеност на лондонската полиција околу погребот на кралицата, ќе се игра на 20 октомври.
„Одржувањето на овој меч на 20 октомври стана можно по одлуката на Премиер лига да го одложи дуелот од англиското првенство меѓу Арсенал и Манчестер сити, кој првично беше закажан за 19 октомври. УЕФА сака да ѝ се заблагодари на Премиер лигата и вклучените клубови за соработката“, објавија од Европската куќа на фудбалот.