Европската фудбалска федерација (УЕФА) во сезоната 2024/25 да ја направи најголемата промена во форматот за Лига на шампиони во последните 20-тина години. Наместо стандардните осум групи со по четири екипи, се воведе единствена лига со вкупно 36 екипи, што е четири повеќе клуба од претходно.
Во новиот систем, секој тим игра по осум натпревари со осум различни ривали (четири на домашен и четири на гостински терен). По одигрувањата на осумте меча, екипите кои се од првото до осмото место имаат обезбедено директен пласман во осминафиналето. Оние кои ќе завршат од деветата до 24 позиција влегуваат во плејофот за нокаут фазата, а клубовите кои ќе бидат од 25 до 36 место го завршуваат натпреварувањето.
Вкупниот број на натпревари е зголемен од 125 на 189 по сезона, што носи поголеми приходи од ТВ права и спонзорства. Новиот формат, исто така, овозможува големите дербија да се играат порано, а секој натпревар носи поголема тежина, бидејќи секој бод може да биде клучен во борбата за пласман погоре на табелата.
Сепак, воведувањето на новиот систем не помина без проблеми. Чилеанската консултантска компанија „МачВижн“ поднесе тужба против УЕФА, тврдејќи дека европската федерација го присвоила нивниот математички модел за лига со 36 екипи.
Според „МачВижн“, основачот на компанијата, Леандро Шара, го патентирал концептот во 2006 година и го презентирал на УЕФА во 2013 година. ФИФА, тврдат тие, ја признала нивната интелектуална сопственост.
Шара бара 200.000 евра отштета, додека „МачВижн“ бара 20 милиони евра, тврдејќи дека УЕФА го користела нивниот модел без дозвола. УЕФА ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги неосновани и изјави дека ќе ја брани својата позиција законски.

