УЕФА од осминафиналето воведува ВАР технологија во ЛШ

Во интерес на регуларноста на натпреварите од најсилното клупско фудбалско натпреварување на светот, Лигата на шампионите, Извршниот комитет на УЕФА денеска одлучи да воведе користење на видеотехнологија, популарниот ВАР, и тоа уште од осминафиналето во февруари.

Претходно најавите беа дека европската куќа на фудбалот ќе воведе ВАР од финалето натаму, но под притисок на клубовите, на состанокот во Даблин е решено и во нокаут-фазата судиите да имаат помош од видеоснимките за правилно да проценат и досудат некој спорен момент кој може да има влијание врз резултатот.

Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, не е голем љубител на ВАР, тој за време на Мундијалот во Русија ја критикуваше примената на технологијата, но во последните месеци го смени мислењето откако ги увиде позитивните работи кои ги носи ВАР. Сега тој изјави дека ЛШ е како Ферари или Порше и мора сите работи да функционираат беспрекорно, а не само делумно. Денешниот фудбал е доста брз и во некои ситуации, само забавена снимка од камера може да долови некој момент.

 

- Оглас -

Најнови вести