Европската фудбалска федерација (УЕФА) реши мечот меѓу Глазгов Ренџерс и Наполи кој првично требаше да се игра во вторник (13 септември), да биде одложен за 24 часа, односно да се одигра на 14 септември (среда).
„Тоа е поради сериозните ограничувања на полициските ресурси и организациските прашања поврзани со тековните случувања со националната жалост за Кралицата Елизабета Втора“, стои во објаснувањето на официјалната страна на УЕФА.
Од УЕФА одлучија овој меч да се игра без гостински навивачи, што значи дека Наполи нема да има поддршка од своите фанови. За да биде ферски и кон фановите на Наполи, решено е кога Наполи ќе биде домаќин, да нема гостински навивачи на Глазгов Ренџерс.
„Како дел од спортската правда, на навивачите на Ренџерс нема да им биде дозволено да гостуваат во Неапол кога ќе се игра возвратниот дуел“, објаснуваат од УЕФА.