11.8 C
Skopje
сабота, 6 декември 2025

УЕФА одлучи: Словачка има титула европски првак во фудбал!

Речиси пред 50 години, односно во 1976 година, во Белград се одигра едно од незаборавните финалиња на европско фудбалско првенство. Тогашната репрезентација на Чехословачка по подобро изведување на пенали ја победи Западна Германија со 5:3, откако во регуларниот дел резултатот беше 2:2.

Откако Чехословачка се распадна како држава, УЕФА со официјална одлука титулата од 1976 година ѝ ја додели на Чешка. Сега УЕФА реши да исправи една грешка, па и на суверената држава Словачка ѝ ја доделува титулата Европски првак од речиси пред половина век.

Процентуално, во тој шампионски тим на Чехословачка, поголем дел од фудбалерите биле Словаци, па поради тоа, сега и Словачка може гордо да се фали дека била европски првак во 1976 година.

На тоа финале во Белград беше изведен и легендарниот пенал од Паненка, што и сега се користи и се смета како еден од најатрактивните начини да се погоди од белата точка.

- Оглас -

Најнови вести