УЕФА одлучи: Србија и Албанија ќе го огранизираат ЕВРО 2027

Србија и Албанија со заеднички сили ќе бидат домаќини на Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година во 2027 година. Европската фудбалска куќа (УЕФА) ја има довербата дека двата соседа на Македонија ќе бидат успешни домаќини на континенталниот собир на најдобрите до 21 година.

Домаќините автоматски имаат обезбедено место на завршницата на првенството, а преку квалификации треба да бидат познати уште 14 репрезентации кои ќе бидат дел од финалниот турнир.

Мечевите кои ќе се играат во Србија ќе бидат на новоизградените стадиони во Лесковац, Лозница и Зајачар. Албанија како градови домаќини за овој настан ќе ги имаат стадионите во Тирана, Скадар, Драч и Елбасан.

 

- Оглас -

Најнови вести