23.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

УЕФА одлучува во вторник: Земјите членки се подготвени да го исфрлат Израел од меѓународните натпреварувања

Еврпската фудбалска куќа, УЕФА, во вторник ќе одржи состанок на кој една од точките ќе биде и суспензија на Израел. Според иформациите, голем дел од земјите членки се подготвени да поддржат суспензија на Израел, што би претставувало голем удар за дипломатијата на оваа држава.

Сепак, израелските медиуми пренесуваат дека нивната дипломатија буквално деноноќно работи за тоа да не се случи, а очекуваат поддршка од пријателските земји за оваа точка да биде отстранета од дневниот ред и воопшто да не дојде до гласање.

Според Израелците, доколку се случи суспензија, тоа ќе претставува голема спортска неправда кон нив.

- Оглас -

Најнови вести