По комплетирањето на групната фаза за сезоната 2020/21 во Лигата на шампионите, УЕФА ги информира клубовите дека може да ги отворат вратите на стадионите за ограничен број навивачи. Дозволена е публика до 30% од капацитетот на стадионите, но без присуство на гостински навивачи.
Секако, клубовите прво треба да добијат дозвола од локалните власти за да спроведат протокол според кој ќе се овозможи присуство на публика. Тоа важи и за репрезентациите, УЕФА потврди дека веќе од следниот циклус во Лигата на нациите ќе може да се игра пред публика.
Сега се поставува прашањето дали фудбалската репрезентација на Македонија ќе добие дозвола од власта да ги отвори вратите на арената „Тодор Проески“ за полуфиналниот дуел против Косово во плејофот, кој е закажан за 8 октомври, а подоцна и за средбата против Грузија на 14 октомври.
UEFA releasing the fixture schedules on Friday for the Champions League group stage.
Teams have now been informed they can have up to 30% of stadiums with fans if local authorities allow.
But only home fans will be allowed
— Rob Harris (@RobHarris) October 1, 2020