Откажана е Финалисима, дуелот на европскиот првак Шпанија и јужноамериканскиот Аргентина кој требаше да се игра на 27-ми март во Доха, Катар.
Интензивните дискусии меѓу УЕФА и организаторите на Катар не вродија со плод, моменталната политичка и воена ситуација во регионот е таква што таму не е можно одигрување на таков важен фудбалски меч. Имаше опција да се игра на друго место, но Аргентинците не прифаќаа.
Досега се одржа само една Финалисима, во 2022, кога на „Вембли“ во Лондон, Аргентина ја победи Италија со 3-0. Овој меч беше воведен како дел од тесната соработка помеѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, требаше да ги здружи шампионите на Европа и Јужна Америка во прослава на меѓународниот фудбал.
Имаше опција беше натпреварот да се одржи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид со тоа што трибините би било 50/50, по половина стадион ќе беа фанови на двете селекции, но Аргентина одби. Втората опција беше да се игра во два натпревари: едниот на „Сантијаго Бернабеу“ на 27-ми март, а другиот во Буенос Аирес за време на меѓународната пауза пред Европското првенство во 2028 година и Копа Америка, повторно нудејќи 50% капацитет на гостински навивачи за натпреварот во Мадрид. И оваа опција беше отфрлена.
Аргентина поднесе контрапредлог натпреварот да се игра по Светското првенство, но бидејќи Шпанија немаше достапни датуми, таа опција мораше да се отфрли.

