УЕФА омекна, нема да бара федерациите да се изјаснат до 25-ти мај

Европската фудбалска федерација, УЕФА, нема да инсистира на добивање целосна информација за начинот и термините за продолжување на сезоната 2019/20 во националните првенства низ континентот, објавија некои медиуми. Извршниот комитет на УЕФА на 27-ми мај ќе одржи состанок на кој треба да се донесат серија важни одлуки, а тие одлуки требаше да се донесат откако два дена претходно секоја земја ќе се изјасни што планира.

Но, УЕФА сфати дека во моментов, на 11 дена пред тој ден, не сите федерации се подготвени да потврдат кога ќе продолжат и кога би завршиле и дали планираат да ја доиграат сезоната. Од УЕФА бараа сите првенства да завршат до крајот на јули, но изгледа и Италијанците имаа информација дека ќе има омекнување во ставот, па објавија дека планираат да почнат на 13 јуни и да завршат на 2 август, што би било погазување на терминот и само пет дена пред мечот Јувентус – Лион, барем според изјавата на претседателот на францускиот тим, која подоцна беше демантирана.

„УЕФА сака да добие што е можно повеќе информации до 25-ти мај, но разбираме дека поради рестрикциите, можеби нема да биде можно дотогаш да се изнесат детални планови“ – велат од УЕФА.

Ова не значи купување на време, секоја федерација ќе треба да каже што планира, некаде без датуми, а меѓу другото треба да се знае што ќе се прави со странските фудбалери кои ја напуштиле територијата на земјата во која играат.

- Оглас -

Најнови вести