УЕФА ѝ откри на Европа каква репрезентација е Македонија

Официјалната веб-страница на УЕФА направи анализа на македонската фудбалска репрезентација, која во претстојното лето ќе дебитира на Европското првенство.

Европската куќа на фудбалот откри за каква репрезентација станува збор, кои се нашите клучни играчи, а воедно кој е Игор Ангеловски, селекторот-рекордер на Рисовите.

Како што е познато, Македонија по историскиот триумф над Грузија со 1-0, се најде во групата Ц заедно со Холандија, Австрија и Украина. Познати се датумите, како и стадионите на кои нашата селекција ќе ги одигра првите три натпревари во континенталниот собир.

На 13 јуни во Букурешт, Романија, ќе играме против Австрија, а четири дена подоцна на истото место Украина ќе биде противникот на избраниците на Ангеловски. Како последен дуел од групната фаза, на 21 јуни ќе играме против еден од домаќините Холандија, и тоа на култниот стадион „Јохан Кројф“ во Амстердам.

Без дилеми, капитенот Горан Пандев е клучен играч на нашиот национален тим. Гранде е рекордер по бројот на настапи и погодоци во националниот дрес, со 36 гола на 114 натпревари. Неговиот последен гол, оној против Грузија со кој се најдовме меѓу 24-те селекции учесници на континенталниот собир. Токму тој погодок е избран за најзначаен во нашата историја.

Клучен играч е и Енис Барди, ѕвездата на Леванте. Нашиот организатор на играта досега запиша 31 настап во националниот дрес со учинок од пет погодоци. УЕФА него го претстави како најдобар изведувач на слободни удари во Шпанија, покрај Лионел Меси, а воедно потсети дека Барди беше еден од лидерите на У-21 селекцијата која во 2017 година за првпат играше на ЕП за млади во Полска.

Селекторот Ангеловски е рекордер со 45 натпревари на кормилото на Македонија. Неговиот учинок е 20 победи, 15 порази и 10 ремија. Тој е 17-ти селектор на нашата репрезентација од 1993 година досега, вклучувајќи и четворицата привремени кормилари.

УЕФА се наврати и на неколку посебни моменти кои ја одбележуваат фудбалска Македонија – од дебито како самостојна селекција со победа против Словенија од 3-1 и првиот гол на Зоран Бошковски, до мајсторијата од корнер на Артим Шаќири против големата Англија во 2002 година.

https://twitter.com/EURO2020/status/1360154694929293313

- Оглас -

Најнови вести