Фудбалерот на Челзи, Педро Нето, синоќа за време на гостувањето кај Пари Сен Жермен, турна на земја едно од момчињата кои ги додаваат топките и настана инцидент и мешаница на теренот. Судијата му прости на Нето и не му покажа картон, но УЕФА објави дека отвора истрага за случајот и Нето може да биде казнет за неспортско однесување.
Туркањето погледнете го ТУКА.
Нето се извини по натпреварот и се правдаше дека бил зафатен „од емоциите на играта“ додека се обидувал брзо да ја врати топката. Брзањето на Нето не помогна бидејќи само некоја минута подоцна ПСЖ го даде петтиот гол и во реваншот влегува со убава предност од три гола разлика.
„Не сум насилник. Беше во жештината на моментот. Навистина ми е жал. На крајот момчето се насмеа, а јас му го дадов дресот и му се извинив околу 35 пати“, изјави Нето.


