Навивачите на Селтик цврсто останаа на ставот да им дадат поддршка на Палестинците во воениот конфликт со Израел игнорирајќи го клубот кој е против ова.
Селтик е домаќин на Атлетико Мадрид, а на трибините во Глазгов има илјадници палестински знамиња и транспаренти со поддршка за нив.
Останува да се види како ќе реагира УЕФА на овие политички пораки и поддршката на Палестина, ако се знае дека речиси сите земји и политички и спортски организации во западна Европа се на страната на Израел.