УЕФА: Пенал е затоа што беше регистрирано „отчукување на срцето“ на топката

Германија со 2:0 ја победи Данска и се пласираше во четвртфиналето на ЕП, а мечот го одбележаа неколку ВАР одлуки. На почетокот на второто полувреме Данска даде гол, но по сигнализација од ВАР собата, погодокот беше поништен.

Неверојатно е зошто тој гол е поништен, затоа што снимката покажува дела буквално милиметри се во прашање затоа што врвот на копачката на данскиот фдубалер бил понапред од дозволеното.

Само две минути по тој поништен гол, повторно се јавија од ВАР собата. Овојпат спорниот момент беше на спротивната страна, кога беше досуден пенал за Германија. Андерсон тврди дека немало пенал затоа што топката од непосредна близина го погодила во прстите и не можел никако да реагира, а никако не можел да трча со рацете зад грб.

Сепак, од УЕФА објаснија зошто беше досуден пенал.

„Во текот на мечот меѓу Германија и Данска технологијата која се наоѓа внатре, во службената топка на ЕП, покажа дека данскиот дефанзивец Јоаким Андерсон ја допрел топката со рака внатре во шеснаесетникот. Во тој момент сензоротво топката, точно го забележал допирот со рака, односно со површината на прстите. „Отчукувањата на срцето“ на топката во тој момент покажува дека контактот на раката со топката траел точно 500 делови од секундата“, стои во објаснувањето на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести