УЕФА сериозно размислува мечот меѓу Босна и Херцеговина и Северна Ирска да се игра без публика на 26 март на „Билино Поле“ во Зеница, а таква варијанта се најавува за уште еден полуфинален дуел во Лигата на нациите, во Братислава меѓу Словачка и Република Ирска.
„Белфаст Телеграф“ од свои извори блиски до УЕФА најави дека се размислува сериозно за таква варијанта поради Коронавирусот, иако вчера во Амстердам при ждрепката за второто издание на Лигата на нациите немаше таква информација, ниту варијанта за полуфиналните бараж-мечеви за пласман на ЕП 2020 година.
Во Скопје на истиот датум Македонија ќе му биде домаќин на Косово во нокаут-полуфинален меч во завршницата на Сегментот Д во Лигата на нациите.
Билетите веќе се во продажба за овој меч, но сега по објавата на ирскиот медиум, се поставува реално прашање, дали е можно и во Скопје да се игра без публика.