УЕФА објави дека Лига на нации ќе се игра и во женскиот фудбал, и тоа од идната година, а според сегашната состојба на ранг-листата, Македонија би играла во најслабиот Сегмент Ц.
Тој сегмент би бил и најброен и единствен со пет групи од кои четири се со четири репрезентации и еден е со три селекции.
Двата останати и посилни сегменти, А и Б ќе бидат составени од по четири групи со по четири селекции според проекциите на УЕФА.
Премиерното натпреварување ќе се игра од идната есен, а ќе носи места и за настап на Европското првенство во 2025 година, а потоа и за следните циклуси за Олимписките игри.